
На Островот денеска беше објавено соопштение кое ги предупредува шкотските навивачи кои денес ќе ги бодрат нивните миленици на гостувањето на Арената Филип Втори. Во предупредувањето се вели дека во Македонија честа појава се вооружените лица низ Скопје?!
„Земјата е една од најризичните поради големото количество на оружје кое го поседуваат нејзините граѓани, па затоа апелираме да внимавате на однесувањето и да избегнувате влегување во расправии со локалното население", е советот кој го добија припадниците на „Тартан арми".
За време на претходното гостување на Шкотска, кога во Скопје имаше околу 5.000 навивачи од Островот, не беше забележан ниту еден инцидент.
//mkd.mk
За време на претходното гостување на Шкотска, кога во Скопје имаше околу 5.000 навивачи од Островот, не беше забележан ниту еден инцидент.
//mkd.mk