Известувачот на интернет страницата на Обединетите нации буквално го погрчи извештајот за вчерашниот говор на македонскиот премиер Никола Груевски.
Прво, непотпишаниот известувач го искара Груевски зошто се обраќал со името на својата земја „Република Македонија“, иако „таа е примена во ОН во 1993 година под името поранешна Југословенска Република Македонија“.
И второ, веднаш во наредната реченица известувачот си додава една ваква реченица:
„Грција се однесува кон името Македонија, вториот најголем регион, која во античките времиња беше домот на етничките Грци, чиј најславен член беше Александар Велики“.