Скенер открил што крие статуата на Буда стара 1.000 години

Научници од Холандија ја скенирале статуата на Буда и во неа пронашле мумифицирани остатоци од монах, пренесува „Daily Mail”.

Ерик Бруин, експерт за будизам, водел истражување со кое било утврдено дека мумијата му припаѓа на будистичкиот мајстор Лиучуан кој живеел во 11 или 12 век во новата ера.

Скенирањето и ендоскопијата биле направени во медицинскиот центар Меандер во Холандија, под надзор на експерт од музејот Дрентс.

Меѓутоа, не е објавено врз која основа е откриен идентитетот на монахот.

Научниците и пред скенирањето сметале дека во статуата се наоѓа мумија, но сега откриле декаорганите биле отстранети од телото.

Свиоци хартија со текст на кинески јазик биле пронајдени во шуплините во кои некогаш се наоѓале органите. Научниците сметаат дека се работи за посебен вид на жртва – самомумификација.

Оваа статуа прв пат ја напуштила Кина за да биде испитана во Холандија, а потоа ќе биде изложена во Будимпешта до мај.

Процес на самомумификација

За време на самомумификацијата, монахот првите 1.000 дена требало да има посебна диета која се состоела само од семиња и јаткасти плодови и би имал зголемена физичка активност за да ја отстрани маснотијата од телото.

Ледните илјада дена треба да јаде само кора од дрво и корења, и да пие отровен чај од дрвото Уруши кој предизвикува повраќање и дехидрација и ги убива сите организми кои би можеле да предизвикаат распаѓање на телото после смртта. На крајот, после шест години мачна подготовка, монахот би се заклучил во камена гробница и целосно би мирувал.


Неговата единствена врска со надворешниот свет тогаш би му била цевка за воздух и ѕвоно со кое би заѕвонил секој ден за луѓето да знаат дека уште е жив. Кога монахот ќе престане да ѕвони, цевката се вади и телото се остава во запечатената гробница наредните 1.000 дена.

Кога ќе поминат три илјади дена, гробницата се отвора за да се види дали успеала самомумификацијата. Доколку телото е сочувано, се преместува во храм и се обожува.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О