Очевидци го виделе многупати во шумата Maules, пишува „Daily Mail“.
Le Leyon лута низ швајцарската шума од засега непознати причини, но она што е познато за него е фактот дека често ги плаши луѓето.
Луѓето кои го сретнале велат дека Le Leyon гледал неколку минути во нив, потоа се вртел и си одел.
Но, многу од сведоците, а особено децата имале лошо искуство со мистериозниот човек, поради што го бара швајцарската полиција.
И жителите на околните села саакаат да го фатат за да престане да предизвикува непријатности.

Постојат многу приказни за мистериозниот човек наречен Le Leyon. Некои велат дека е ментално болна жена, а други пак дека е маж кој страда од кожни заболувања.
Случаен минувач кој наидол на Le Leyon, го фотографирал. Ова за сега е негова единствена фотографија. Човекот го опишува како маж висок 1,90 метри, нормално граден, кој на себе носи стара воена униформа, наметка и гас маска.
