На северната хемисфера денеска е есенска рамноденица, а на јужната пролетна рамноденица (таму почнува пролетта), односно денот и ноќта траат подеднакво (еквиноциумски ден). Всушност, поради влијанието на атмосферата и прекршувањето на сончевите зраци низ неа, денешниот ден ќе трае за околу 10 минути подолго од ноќта, па вистинска рамноденица ќе биде на 24-25 септември.
Во моментот на доаѓањето на есента Сонцето ќе биде оддалечено од Земјата 150.122.034 километри.
Во Скопје Сонцето ќе изгрее во шест часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со дневна температура од 18 до 24 степени.