Apple од своите добавувачи побарал зголемување на производството на iPhone 5S во златна боја за една третина, бидејќи уредот се покажал како многу популарен на пазарот, а побарувачката неочекувана голема.
Гласините за тоа дека Apple ќе понуди iPhone во златна боја се појавија уште во август. На претставувањето на новата генерација, компанијата го потврди производството на златната верзија, која е достапна покрај сребрениот и сивиот модел.
Сега, по стартот на продажбата на новата генерација на популарниот смартфон, Apple мора да го зголеми производството на златната верзија поради неочекувано големиот интерес за оваа боја.