Мостот на влезот на Јесенице, словенскиот град кој во текот на првата фаза од Европското првенство нагости четири балкански селекции, првиот ден од првенството беше “украсен“ со знамињата на Црна Гора, БиХ, Србија, Македонија, Литванија и Летонија, кои се натпреваруваат во групата Б.
Како што јавува Анадолика, на јарболите поставени на мостот денеска се поставени само три знамиња. Знамињата на Србија, Босна и Херцеговина и Македонија исчезнаа, додека знамињата на Црна Гора, Латвија и Литванија се насвоите места.