Шекеринска: Допрва ќе ви дишам во врат

Допрва ќе ви дишам во врат. Информациите од типот „врапчето ми шепна“ доволно зборува за кредибилитетот на порталот, а за Шител ич муабет да не правиме.
Вакви глупости кои служат за да се одвлекува вниманието од важните проблеми на граѓаните ќе проаѓаат уште кратко време.

Се повеќе празните џебови на граѓаните, понижувањето и невработеноста ќе создаваат контра ефект на лагите на оваа компанија. На кого ќе му биде гајле дали Радмила Шекеринска тешко или лесно се издишала кога тие немаат 50 денари да им дадат на децата за училиште, немаат пари за лекови или да ја платат струјата, а тоа апсолутно не зависи од неа и од опозицијата туку единствено од Груевски и неговата влада.

За мене и за СДСМ токму тоа е и предизвикот и желбата за работа, да овозможиме во оваа држава да се вратат вистинските вредности, да се разговара за сериозни теми, а не да се потценуваат граѓаните со вакви дебилни прилози. За жал, имајќи предвид дека го губат тлото допрва нè очекуваат вакви плукачки и неаргументирани прилози за да можат да го одвлечат вниманието од уништувањето на државата по сите основи.
Ќе го издржиме и овој удар, знаеме дека нема да е последен.
Бриф.мк избор: Фејсбук статус на Радмила Шекеринска, одговор на денешните обвинувања од неколку провладини медиуми

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О