Американецот Антони Кернелјо, спои еден цел животен век во неверојатен видео запис од пет минути.
Снимката покажува девојче кое се претвора во старица, а стареењето е веродостојно прикажано, благодарение на различни ефекти и анимации.
„Идејата е да се создаде чувство дека нешто се случува, но тоа да не може да го видите, туку да го почувствувате. Како што е тоа случај и со самото стареење, изјави авторот.
Наместо една, авторот во процесот искористил неколку жени од исто семејство, такашто девојчето, девојката и жената се роднини, чии фотографии се од различен животен период и со помош на повеќе техники ги поврза во континуитет.