Грците откако го одбија последниот предлог Метју Нимиц, на медијаторот му дале свој предлог за име „Република Горна Македонија“. Предлогот на Атина посредникот денеска го пренел до македонската влада која го одбила како целосно неприфатлив за нас. Како што дознава Алфа од неофицијални владини извори, Атина предложила и името да биде за севкупна употреба, вклучително и за внатрешна употреба во земјава.