„Ова
беше победа за Ѓорѓи Чековски, кој беше повреден и не можеше да ни
помогне. Одигравме одличен натпревар. Сите 40 минути бевме добри во
одбраната. Ја спречивме нивната транзиција, која е едно од нивните
најсилни оружја, а и погодивме многу шутеви кои не успеваа да влезат на
претходните две средби. Не треба да летнеме сега премногу, зашто не
чекаат уште две значајни средби. Но, ова е голем триумф за нас и за
нашата самодоверба", изјави В. Стојановски на прес-конференцијата по
мечот.