Ѓоковиќ: Надал е подобар, но јас ќе се борам до крај за првото место

Новаќ Ѓоковиќ неодамна прослави 100 недели од престојот на врвот на АТП листата, но наскоро би можел да дојде крајот на неговото владеење.

- Додека и да имам шанси ќе се борам за да бидам број еден. Надал без никакви сомнежи е најдобар играч сезонава. Јас имав подеми и падови, но мислам дека имав добра сезона. Оваа недела ќе се концентрирам на турнирот во Пекинг каде што имам добри резултати – изјави Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ на три пати го освојуваше овој турнир до сега, а оваа година во првото коло ќе игра против Чехот Лукаш Росол. Но, Рафаел Надал ќе избие на првото место на ранг листата доколку на турнирот во Пекинг обезбеди пласман во финалето, па дури и доколку во евентуалното финале го загуби трофејот од Ѓоковиќ.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О