Сите убавици навиваат на Ноле (ФОТО)

На последниот триумф на Новаќ Ѓоковиќ присуствуваа и убавиците од светот на модата и едни од најубавите жени во светот, Наоми Кембел, Каролина Куркова и Кејт Аптон, која неодамна беше прогласена за модел на годината.
Прекрасната Кејт беше во придружба на Каролина Куркова, а покрај тенисот, тие уживаа и во ВИП третманот затоа што беа сместени во приватната ложа и уживаа во
пиењето на шампањ од порцелански чаши.

Наоми Кембел пак беше личен гостин на Новак и престојуваше во неговата ложа, а тоа е веројатно така поради пријателството со српскиот тенисер, но и поради фактот што таа е скарана со Куркова.
Тие две беа дел од јавен конфликт кон почетокот на оваа година, кога работеа на едно заедничко телевизиско шоу.





Освен овие убавици, Ноле го бодреа и актерите Фишер Стивенс, Реј Донован и ѕвездата од серијата "Good wife", Џулиен Маргиљес.

Редовен посетител на мечовите од "US Open" е и Шон Конери, кој присуствуваше на натпреварот помеѓу Гаске и Рафаел Надал заедно со актерот Бен Стилер.









ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О