Ривалството на Ѓоковиќ и Надал влегува во историјата

Првиот и вториот тенисер на светот во моментов, Ѓоковиќ и Надал, утре ќе се сретнат во финалето на последниот Гренд Слем годинава, Ус Опен. Иако, последниве неколку години ривалството меѓу Надал и Федерер беше прогласувано за најголемо ривалство на нашето време или можеби воопшто, бројките велат поинаку.

Во утрешното финале Надал и Ѓоковиќ ќе се сретнат по 37 пат во својата кариера. Тоа е еден натпревар повеќе од меѓусебните дуели кои ги одиграле Иван Лендл и Џон Мекинро.
Ова ќе биде 11-ти пат Надал и Ѓоковиќ да се сретнат на Гренд Слем турнирите, односно шести пат во финалето на ваквите турнири. Само Федерер и Надал досега имаат одиграно поголем број на дуели во финалињата на Гренд Слем натпреварувањата, вкупно осум.
За да се пласираат во финалето, Надал го победи Гаске, а Ѓоковиќ го совлада Станислас Вавринка.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О