Откако Бред Пит со прстен на раката кој многу потсетува на бурма се
појави на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, во јавноста
започнаа шпекулациите дека славниот актер се венчал со својата
долгогодишна партнерка Анџелина Џоли.
Бред Пит во Канада го промовира новиот филм „12 години слава“ ,а кога
новинарите почнале да му поставуваат прашања од приватниот живот , тој
вешто го избегна тоа , што уште повеќе ги разгоре гласините за нивната
наводна тајна венчавка.
Дејли Меил пишува дека и Анџелина неодамна во јавноста се појави со
прстен кој претходно не бил забележан на нејзината рака . Според
медиумите прстенот бил изработен во желба на Бред , а го изработил
златарот кој долги години соработува со славниот актер. Новиот прстен на
Анџелина наводно вредел 250 000 долари.