Дали е диетата ефективна ако се држи само два дена неделно?

Ако не се брзате со слабеењето и не морате да изгубите премногу килограми – веројатно не мора да се мачите со диети баш секој ден.
Ако не ги сакате класичните диети, можеби ќе ве инспирира идејата на Жаклин Вајтхарт, авторка на книгата „The 5:2 Diet Recipe Book“

Жаклин изгубила повеќе од 6 килограми откако почнала да ги следи сопствените совети, и тогаш решила да објави книга која би можела да ве доведе до витка линија без премногу напор.

Следејќи ја мантрата 5:2 диета, Жаклин вели дека е доволно само два дена во неделата да следите специјален режим на исхрана. Во интервју за еден британски магазин, таа зборува за тоа на кој начин и за колку време ги изгубила килограмите.

Колку брзо забележавте резултати откако почнавте со диетата?
Многу брзо! Во првата недела изгубив 2 кг, а потоа одржував темпо губејќи околу 0,5 кг неделно наредните месеци.

Колку тежина изгубивте и за колку време?
Изгубив 6 кг за 3 месеци.


Дали веднаш ја враќате тежината доколку престанете со режимот?
Сѐ уште ја одржувам.диетата, со тоа што сега тоа е еден ден во неделата, што ми е доволно за да ја одржувам својата идеална тежина. Мислам дека ако направам пауза во диетата можам да се здебелам 2-3 кг, но исто така можам и многу брзо да ги изгубам истите.

Како се борите со уморот, со оглед на тоа што во текот на денот кога сте на диета не внесувате доволно калории?
Нормално дека често се чувствувам гладна кога ќе дојде денот за диета, но не трпам никакви несакани ефекти од тоа, можам само повремено да бидам нервозна. Не чувствувам умор тој период.

Зошто ја препорачувате оваа диета?
Мислам дека многу се разликува од останатите диети, битно е да водите сметка за внесот на калориите само 2 пати неделно, и ќе ги постигнете саканите резултати.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О