Најчесто паровите се сексаат пред спиење или додека гледаат телевизија, а голем број од нив тоа го прават откако ќе се вратат од вечерното излегување или по завршувањето на работното време.
Мажите повеќе се трудат околу сексот од жените, а секоја вистинска акција започнува со бакнежи. Идеалниот секс е во петок или сабота пред 11 часот навечер, трае 23 минути, а најчеста поза е oнаа кога жената е горе, се вели во истражувањето на британскиот ланец на продавници за секс играчки “Lovehoney”.
Атмосферата е многу важен дел од сексот за паметење. Дури 88 проценти од мажите и 68 проценти од жените сакаат да имаат секс со запалено светло за да можат да го гледаат партнерот, а остатокот од жените, оние кои не сакаат светло, всушност не се чувствуваат удобно во својата кожа, било заклучено во истражувањето.
Дури 79 проценти од мажите редовно го прават првиот чекор кон секс, во споредба со 46 проценти од жените, но сепак половина од жените признале дека никогаш не го одбиле својот партнер за секс, а оние кои го направиле тоа – го обвинуваат заморот.
Најлесен пат до сексот е бакнежот проследен со милување, а за 12 проценти од паровите е доволен и разговор за секс или мал флерт. Обично паровите имаат секс пред да заминат на спиење или пред телевизор, а други откако ќе се вратат од дискотека или кога ќе им завршат работните обврски.