Српски „Телеграф“: Македонските кошаркари се опивале до раните утрински часови!!!

Српски Телеграф објавува цинична и провокативна информација, според која нашите кошаркари заглавиле до рано утрото во саботата во љубљански клуб.  Телеграф пишува дека Антиќ, Мекејлеб и остатокот од екипата се до раните утрински часови биле во љубљанскиот клуб, а во хотелот стигнале со „Мекдоналдс“ кеси.

Tan2013-9-4 185235837 2
Српскиот портал тврди дека нездравата ноќ скапо ги чинела нашите кошаркари, кои претрпеа денеска пораз од БиХ во многу лоша игра.
-Се прашувате зошто Македонците, официјално четвртата селекција во Европа не испеа да ја повтори одличнаѕа игра против Србија само два дена подоцна? Со поразот од БИХ нашите јужни соседи го изгубија речиси сите шанси за втората фаза. Телеграф открива која би можела да биде причината за очајната игра и резултат, пишува српскиот портал.
Имено, како што дознава Телеграф, нашите кошаркари веднаш по победата над Србија во петокот отишле во Љубљана како би ја прославиле победата, прва на првенството (?!). Се би било во ред да се се завршило на една пијачка, меѓутоа Антиќ, Мекејлеб и останатите “загинале“ до раните утрински часови во клубот Стефан Браун, пишува Телеграф.
Нашите кошаркари во раните утрински часови се вратиле во хотелот, со кеси од Мекдоналдс.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О