Владо Илиевски по мечот со Летонија изјави дека ова е најверојатно крај на една генерација, но не требаше да заврши вака, пренесува МКД.мк.
-Штета што се завршува вака. Мораше и требаше да покажеме многу повеќе во Словенија. Но едноставно ни снема сили и енергија и не успеавме да ја победиме Летонија со посакуваната разлика. Ова најверојатно е крај на една генерација, која мораше да се покаже на ова ЕП и да се прости со аплауз, изјави Илиевски.