Сѐ повеќе патници летаат од Македонија

Бројот на превезени патници преку македонските аеродроми во август се зголемил за 20,5 проценти во споредба со овој месец минатата година. Ова го покажуваат статистичките податоци на операторот на македонските аеродроми „Александар Велики“ во Скопје и „Свети Апостол Павле“ во Охрид, „ТАВ Македонија“.

Преку скопскиот аеродром патувале 115.023 патници, што претставува зголемување од 23,1 отсто, а охридскиот го користеле 16.463, односно вкупно 131.486 патници на двата аеродрома.

 Зголемувањето на бројките се должи на воведувањето на повеќе фреквенции неделно од страна на „Туркиш ерлајнс“, „Аустријан ерлајнс“, „Кроација ерлајнс“ и „Флај Дубаи“. Како што се наведува во соопштението, најпопуларна дестинација од скопскиот аеродром во август била Истанбул. По неа следуваат Виена, Цирих, Лондон и Малме.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О