Се одбележуваат 12 години од нападите во Њујорк

Во Соединетите Американски Држави се одбележува 12-годишнината од терористичкиот напад во Њујорк, Вашингтон и Пенсилванија.
На тој трагичен 11. септември 2001. година, САД, но и остатокот од светот, остана во шок.

Членови на терористичката група Ал Каеда, киднапирале четири цивилни авиони, од кои два успеале да срушат во кулите "Близначки" во Њујорк, третиот направил голема штета во Пентагон во Вашингтон, а четвртиот се срушил во поле во Питсбург.


Во нападите погинале речиси 3.000 лица, на кои на комеморацијата ќе им оддаде почит целата американска јавност.

Во рамките на одбележувањето на 12-годишнината од нападите пред неколку дена во Вашингтон, следбеници и лидери на различни верски групи ја одржале деветтата по ред "Прошетка за мир" во знак на промоција на меѓуверски дијалог.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О