Зиденин Зидан иако од новата сезона ќе му биде тренер на Герет Бејл во тимот на Реал Мадрид, сепак не се согласува дека брзоногиот играч вреди 100 милиони евра.
Толку Зиденин Зидан едно време беше најскапо платениот фудбалер на светот за кого Реал Мадрид плати неверојатни 75 милиони евра да го доведе од Торино.
"Пред 10 години кога пристигнав во Реал Мадрид за 75 милиони евра, самиот изјавив дека не вредам за тие пари. Дури и сега мислам дека фудбалерите не се вредни за тие пари кои клубовите ги плаќаат за нив."- изјави Зидан
Зидан во секој случај е среќен што во Реал пристигнува класа играч од рангот на Герет Бејл и е возбуден од можноста да соработува со него.
"Моја задача е да го натерам да игра така како што знае. Неговиот потенцијал е неверојатен, што го докажа во претходните 3 години. Сепак кај него има уште многу да се напредува и мислам дека може многу да му помогне на Реал." - заврши Зизу