Роналдо: Јас сум виновен за поразот од Атлетико

Со голот на Диего Коста во 11 минута, Атлетико Мадрид победи за прв пат по 1999 година против Реал во првенствен натпревар.

Реал не ја оправда улогата на фаворит, не беше подобриот тим на теренот, а во најслабо светло се покажа Кристијано Роналдо.

- Најлесно би било да ја ставам вината на соиграчите, но не можам тоа да го направам. Играв лошо, како и сите други. Неможете секогаш да играте добро. Можеби бев и малку уморен, имавме само два дена одмор од последниот натпревар. Сепак, сето тоа е само изговор. Атлетико одигра супер натпревар и заслужи да победи - изјави Роналдо.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О