Американскиот претседател Барак Обама, во едно од серијата интервјуа што
ги даде вчера во врска со планираниот напад врз Сирија, изјави дека и
неговата сопруга, Мишел Обама, не го поддржува планот.
Како што
јави дописникот на МИА од Вашимгтон, американската јавност со големо
мнозинство се изјаснува против предлогот на Обама да ја бомбардира
Сирија.
- Прашајте ја и Мишел, дали сака да бидеме вклучени во уште една војна, и одгооворот ќе биде „не“, изјави Обама.
Сепак, тој изрази увереност дека Конгресот ќе му даде поддршка за напад врз Сирија.
Сенатот,
чија Комисија за надворешни прашања веќе гласаше за нападот, вчера го
одложи конечното гласање, по објавувањето на руската иницијатива за
дипломатско решение на спорот.
Во Претставничкиот дом бројот на
конгресмени кои досега се изјаснија против е трипати повисок од тие што
се за, иако многумина се неопределени.