Шпанецот претходно во полуфиналето го победи Ришар Гаске со 3:0 во сетови и се избори за 37. дуел со српскиот тенисер. Ова ќе биде шести дуел меѓу нив во едно Грен слем финале, што го чини ова ривалство посебно.
Ова ќе биде ваш 37. дуел. Колку уживаш кога играш против него?
„Повеќе би сакал да играм против некој друг, но што е тоа е. На крајот на краиштата морам да бидам искрен, не морам да бидам глупав. Би сакал во финалето да играм против некој против кого ќе имам поголеми шанси за победа. Но, играм против него. Сме играле многу мечеви досега и секогаш играме возбудливи дуели. Кога играте такви мечеви се чувствувате посебно. Дури и кога го изгубив оној меч во Австралија бев среќен поради тоа што бев дел од тој дуел“.
„Полуфиналето на Ролан Гарос оваа година беше исто така емотивно. Пред неколку недели во Монтреал одигравме одличен меч на многу високо ниво. Тоа е добро и за двајцата, играме на високо ниво и мечевите се одлични поради тоа. Често имаме долги размени, ја доведуваме нашата игра до лимит и на крајот се станува многу тешко и за двајцата. Се надевам дека ќе бидам подготвен за тоа. Не знам, ќе се обидам. Морам да продолжам да играм агресивно и да одиграм многу добар меч. Само во тој случај би имал шанса. Тоа ќе се обидам“.