Србија ќе игра на Светското првенство

Србија ја совлада Италија со 76:64 и го освои седмото место на Европското првенство. Србија покрај победата успеа да избори пласман и на Светското првенство, кое следната година ќе се одржи во Шпанија.

Српските кошаркари, кои во претходните два меча забележаа два убедливи порази (Шпанија и Словенија), против Италија го контролираа натпреварот од почетокот до крајот, а како клучна за победата се покажа првата четвртина, во која акумулираа предност од 16 поени (27-11).

Ненад Крстиќ со 17 поени и 4 скока, односно Немања Бјелица со 12 поени и 10 скокови беа најефикасни во тимот на Душан Ивковиќ. Италија ја предводеше Луиџи Датоме со 19 поени, додека Алесандро Џентиле постигна 14 поени.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О