Освен таа што ја има поради неиграњето на новиот фудбалер на
италијанскиот калчолигаш Калјари, Агим Ибраими, селекторот на
фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски има и
главоболка поради повредата која капитенот на нашиот национален тим,
Горан Пандев ја заработи на дуелот против селекцијата на Велс.
Иако за жали на болки во рамоти и поради истите во изминатите два дена
тренираше сам, Јаневски очекува Пандев да стисне заби и да го одигра
денешниот квалификациски дуел против репрезентацијата на Шкотска.
"Во изминатите неколку дена поработивме на воигрување на екипата која
нема да може да смета на услугите на Ибраими кој нема право на настап.
Исто така имаме проблеми со Пандев кој повреден го одигра дуелот со
Велс. Горан го повреди рамото и деновиве тренираше сам, но мислам дека
ќе биде подготвен за игра. Точно дека најважно од се е да победиме на
овој натпревар, но искрено, размислувам на освежување на составот. Со
победа ќе бидеме многу поблиску до посакуваното трето место на
табелата", изјави Јаневски.
