Со решение на загаткава може да станете британски таен агент

Во седиштето на британската Владина служба за комуникации (GCHQ) одлучено е со помош на загатка објавена на Интернет да се пронајдат нови луѓе кои би се придружиле на нивниот тим на „елитни британски кибер шпиони“.
На својата страна објавија „конкурс“ за решавачите на кодови, на кои со решавањето на поставената загатка можат да  си обезбедат интервју за работа или пак некоја од наградите.
Во рамки на сегментот „Можете ли да ги пронајдете“, објавено оваа среда, се наоѓа низа од 143 букви раздвоени во групи од пет и на крајот една од три букви.
Разбивањето на тој код ќе ги одведе решавачите на кибер „лов на богатство“ со помош понатамошни траги кои ќе ги доведат до можната цел – вработување во владината тајна служба.
За решавање на оваа загатка натпреварувачите имаат шест недели.
- Комплексните кодови ги осмисли нашиот тим на врвни математичари. Тие високо го поставуваат нивото при барањето на интересни, љубопитни и креативни кандидати кои имаат интелектуална способност иако не е нужно и практично искуство и квалификација да се придружат на GCHQ и го поддржат Владинито проект на националната сајбер сигурнсот, порача службата за информирање на GCHQ.
Денешен

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О