
Македонскиот фудбал оваа сезона ќе биде претставен преку Горан Пандев (Наполи) и Даниел Георгиевски (Стеауа).
Екипите на македонските репрезентативци своите настапи во стартното коло ќе ги имаат утре.
Според распоредот двојките за денеска се:
А група: Реал Сосиедад - Шахтјор и Манчестер Јунајтед - Баер Леверкузен.
Б група: Копенхаген - Јувентус и Галатасарај - Реал Мадрид.
Ц група: Бенфика - Андерлехт и Олимпијакос - ПСЖ.
Д група: Баерн Минхен - ЦСКА Москва и Викторија Плзењ- Манчестер Сити.
Почетокот на натпреварите е во 20:45 часот, а натпреварите од 1.коло во групите Е, Ф, Г и Х ќе се играат утре.