уеверието кое го следи петок тринаесети не им пречеше на патниците од компанијата “Финер”, па летот AY666 кој вчера полета за Хелсинки (hell – пекол) бил исполнет до последното седиште.
Случајна вест: Лажниот мис на Узбекистан
- Не сум суеверен и за мене тоа е само случајност, но многу пилоти се шегуваа на моја сметка – вели пилотот на компанијата Јуха-Пека Кајестадо.
Дневниот лет од Копенхаген до Хелскинки годинава два пати паѓа на петок тринаесети, датум што во многу култури се смета за баксузен ден, додека пак бројот 666 се користи како симбол на ѓаволското.
Некои авиокомпании, како што се "Скандинавијан ерлајнс" ова толку сериозно го сфаќаат, што од своите авиони го отфрлиле 13. ред. Компанијата "Финер", како и "Норвиџан ер" и "Естониан ер" не се меѓу тие, со оглед дека тенденцијата на страв од бројот 13 во северноевропските земји е релативно нова работа.
-Пред помалку од еден век, бројот 13 не симболизираше ништо страшно. Во прашање е верување од поново време, кое веројатно потекнува од тоа што Христијаните бројот 12 го сметаат за свет бидејќи претставува заокружена целина, па со додавањето на уште еден број се создава хаос – објаснува Уло Валк, професор по компаративна фолклористика од естонскиот универзитет. Извор: Sitel.com.mk
Случајни вести:
Најгрдото животно (риба меур)