Алкатраз: Вечниот дом на најзлогласните криминалци

Што сè знаете за Алкатраз? Можеби дека тоа е најзлогласниот затвор во Америка на сите времиња? Избегал ли некој некогаш од таму? Во продолжение неколку изненадувачки факти за затворот од кој нема бегање.
Ал Капоне свирел во затворскиот бенд
Озлогласениот гангстер и шеф на најголемите криминалци, бил помеѓу првите затвореници кои се нашле во Алкатраз во 1934 година. Ги поткупувал стражарите во другите затвори каде лежел претходно, но тоа се сменило откако бил префрлен во затворот на островот. Тамошните услови го скршиле неговиот дух. Осуденикот со број 85, станал толку посветен и кооперативен што му било дозволено да стане член на бендот Rock Islanders и да свири на бенџо со другите затвореници.

Никој, никогаш не успеал да побегне од Алкатраз
Вкупно 36 затвореници наводно се обиделе да побегнат. Од сите 36 кои се обиделе, 23 биле фатени, 6 застрелани и 2 се удавиле. Петмина се сметаат за исчезнати или удавени, бидејќи телата никогаш не биле пронајдени, вклучувајќи ги Френк Морис и браќата Џон и Кларенс Енглин, чиј обид за бегство подоцна го инспирирал режисерот за филмот „Бегство од Алкатраз“ во 1979 година. Тројцата итри затвореници го копале скапаниот ѕид со наострени лажици и на креветите поставиле коса украдена од затворската берберница со цел да ги измамат чуварите. Се што земале од затворот при бегството било пронајдено на површината на океанот, но не и телата, со што се шпекулира дека можеби планот за бегство сепак успеал.

Името на затворот е име на птица
Пред криминалците да станат жители на Алкатраз, островот бил дом на големи колонии на кафени пеликани. Кога шпанскиот полковник Хуан де Ајала станал првиот познат европеец кој пловел низ Golden Gate во 1775 година, го крстил островот „La Isla de los Alcatraces“ што во превод значи „Остров на пеликаните“. Подоцна од името останало само Алкатраз, па така бил крстен и затворот. Бидејќи сега затвореници нема, сè што ќе најдете на овој остров се галебите и кормораните.

И покрај прекарот, The Birdman или во превод човекот – птица, никогаш не чувал птици во затворот Алкатраз
Robert Stroud е вистинското име на човекот – птица кој додека издржувал казна за убиство на еден шанкер во тепачка во бар, смртно прободел чувар со нож во затворот во Левенворт во 1916 година. Осуден на живот во постојана самица, Stroud започнува да ги проучува птиците  и да чува канаринци и многу други птици. Во 1931 му било забрането да биде со своите миленици како и за време на 17 годишниот престојот во Алкатраз. Сценариот за филмот „Birdman of Alcatraz“, за кој Burt Lancaster доби номинација за Оскар не е веродостојно, бидејќи човекот-птица никогаш не чувал птици во Алкатраз.

Најзлогласните криминалци во земјата не биле веднаш испраќани во Алкатраз
Осудените лица во Алкатраз не биле носени таму секогаш поради најнасилните и громорозни убиства, туку поради тоа што биле едни од најнепослушните, непоправливи и непокорни осуденици на кои им бил потребен посебен третман. Се обидувале да ги поткупат чуварите и да испланираат многубројни обиди за бегство, но нивното доаѓање пред сè било едукативно, за тие да се покорат на правилата и подоцна да можат да се вратат во обичните затвори.

Возможно било да се доплива до брегот
Федералните службеници тврделе дека доколку затвореник избега никако нема да преживее пливајќи низ ладната вода во заливот на Сан Франциско, но и тоа се случило. Во 1962 година, затвореникот John Paul Scott се премачкал со масло, се извлекол низ решетките на прозорецот и пливал до брегот. Полицијата го пронашла во бессознание и хипотермички шок, како лежи на брегот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О