Македонија ги има најдобрите ракометни голмани во Европа!

Во денешната средба помеѓу Металург и ПСЖ, заклучивме едно нешто – Македонија ги има најдобрите голмани во европската Лига на Шампиони!

Екипата на Металург, пред преполниот СЦ „Борис Трајковски“, на големо изненадување успеа да слави над екипата на ПСЖ, а главен херој во редовите на екипата од Автокоманда, беше голманот Дарко Станиќ, кој собра фантастични 18 одбрани.

За време на средбата, тој, без проблеми ги бранеше ударите на ракометарите на најскапиот ракометен колектив во Европа и слободно, може заедно со Ренато Вугринец, кој постигна 9 погодоци, да го прогласиме за јунак на натпреварот.

Идентична беше ситуацијата и минатата недела со голманот на РК Вардар, 38. годишниот Инаки Малумбрес, кој во редовите на „црвено-црните“ оваа сезона, пристигна од редовите на Адемар Леон.

На првиот натпревар во Лигата на Шампионите против Барселона во вулканот „Борис Трајковски“, искусниот голман одигра феноменално, забележа двоцифрен број на одбрани и на својот тим, му донесе голем бод против фаворитот за освојување на тронот во најквалитетното европско ракометно натпреварување.

Сега, македонските љубители на ракометот ќе имаат поголема дилема и се почесто, ќе се поставува прашањето: Станиќ или Малумбрес, кој е подобар голман?

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О