Градинка на стравот: Кинеските воспитувачки со клоци и стапови ги смируваат децата

Неодамна на интернет сервисот Јутуб била објавена вознемирувачка снимка на која што може да се види како две воспитувачки ги смируваат децата, па така, додека едната ги клоца децата, другата си удира малечките со тениски рекет и стап.

Воспитувачките во една градинка во Кина биле снимени како во неколку наврати физички ги злоставувале децата. Така, снимката јасно покажува како една од воспитувачките со нога го удира малечкото детенце кое што расплакало едно од своите другарчиња. На видеото се прикажани и ситуации кога другата воспитувачка со нога "го враќа на место" непослушното дете, а снимен е и моментот кога едно од децата било смирено со удари со тениски рекет врз главата. Снимката на интернет се појавила на 17 септември, а злоставувањето на дечињата во градинката со безбедносната камера било снимено на 9 септември оваа година.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О