Лажни Алфи тепале низ Скопје

Тројца скопјани лажно се претставувале како припадници на специјалната полициска единица Алфа, па легитимирале и тепале по Скопје, соопшти полицијата.

СВР-Скопје со кривична пријава до надлежното јавно обвинителство ги предаде лицата Ф.И. (22), А.А. (23) и Г.Т. (22) сите од Скопје поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела и тоа - " разбојништво" и "лажно претставување". Од страна на Истражен судија на тројцата пријавени им е одредена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Имено на 9-ти овој месец, околу 22.40 часот пријавените со автомобил „Шевролет матиз" со скопски регистарски таблички сопственост на второпријавениот А.А. се упатиле на улицата „Кеј Димитар Влахов" во непосредна близина на МРТ каде го пресретнале оштетениот Е.Х. (37) од Скопје кој се движел пеш сам и му се претставиле дека се полициски службеници од полицискиот тим АЛФА, со кое дејствие сториле кривично дело - "лажно претставување".

Притоа, му побарале лична карта за да го легитимираат. Бидејќи второпријавениот А.А. со себе носел и радио станица оштетениот поверувал дека станува збор за полициски службеници по што им го дал својот личен пасош за легитимација и откако бил легитимиран од страна на првопријавениот Ф.И. му било кажано да извади се од џебовите и откако оштетениот ги извадил парите Ф.И. го фатил за раката и со употреба на физичка сила му ги оттргнал парите од рака, при тоа удирајќи го со бокс во пределот на левиот образ. Откако пријавените ги зеле парите (1.000 денари) истите влегле во автомобилот и избегале во непознат правец.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О