Во СДСМ во последните неколку недели се спроведува процедура за избор на нови претседатели на нивните Општински организации.
Случајна вест: Центар забранува чување домашни миленици
Околу оваа процедура имаше многу полемики, дебати, па дури и кавги помеѓу високите функционери на СДСМ на социјалните мрежи. До сега претседателите се избираа од страна на членството, а сега нив ги бира Претседателот на СДСМ Зоран Заев. Ваквата промена во Статутот беше толкувана како желба на новото раководство на СДСМ да направи длабоки промени и да постави нови луѓе на раководните позиции во СДСМ за да може да ја има контролата над нив. Но, по само неколку месеци, податоците и информациите говорат спротивно.
Од триесетина завршени постапки за избор на претседатели на СДСМ низ Македонија дури во седумнаесет се избрани истите стари претседатели, а во уште неколку избрани се досегашни членови на највисоките раководства во тие градови. Ова говори дека ни малку нема од најавените освежувања во СДСМ. Луѓето кои ја водеа СДСМ низ градовите во Македонија под палката на Црвенковски ќе продолжат да ја водат и под палката на Заев.
За да биде информацијата прецизна и точна ви ги презентираме имињата на старо-новите претседатели на Општинските организации на СДСМ:
- Велимир Смилевски, претседател на ОО на СДСМ – Бутел.
- Марјанчо Николов, претседател на ОО на СДСМ – Велес.
- Војче Исаковски, претседател на ОО на СДСМ – Врапчиште.
- Урош Тасиќ, претседател на ОО на СДСМ – Дојран.
- Серафим Ѓорѓиевски, претседател на ОО на СДСМ – Зелениково
- Дејан Ампев, претседател на ОО на СДСМ – Кратово.
- Самир Ајдини, претседател на ОО на СДСМ - Маврово и Ростуше.
- Васко Стефанов, претседател на ОО на СДСМ – Неготино.
- Зоран Митровиќ, претседател на ОО на СДСМ – Петровец.
- Милован Веселиновски, претседател на ОО на СДСМ – Ранковце.
- Марјан Даскаловски, претседател на ОО на СДСМ – Струмица.
- Ќани Сеадиновски, претседател на ОО на СДСМ - Центар Жупа.
- Блашко Шапов, претседател на ОО на СДСМ – Богданци.
- Неџат Мимидиноски, претседател на ОО на СДСМ - Дебар.
- Мишо Марковски, претседател на ОО на СДСМ – Илинден.
- Ацо Ушковски, претседател на ОО на СДСМ - Чучер Сандево.
- Мухамет Сулејман, претседател на ОО на СДСМ - Шуто Оризари.
Сите кои се надеваа на свежина, нови лица и реформи во СДСМ и конечно расчистување со баластот на Црвенковски, веројатно ќе мора да почекаат уште долго време.
Курир.