

Сите кои имаат iPhone 4 или понов, iPad 2 или понов во попладневните
часови веќе треба да проверат преку системот за надградба дали стигнала
новата верзија на iOs 7 или пак тоа да го направат преку декстоп
поврзување со iTunes.

Пуштањето во употреба се поклопува и со датумот на продажба на новите iPhone 5S и iPhone 5C
кои ќе започнат со нарачки од сајтот на Apple во петок наутро. Освен за
новите корисници, iOs 7 ќе биде доставен и до претходните модели, што
значи дека во целост ќе можете да ги користите сите новитети на досега најунапредениот софтвер на Apple.

Промените се пред се визулени
кои веднаш ќе ги забележите, како новиот дизајн на иконите, позадината
на менијата и транзициите кои сега се многу побрзи. Исто така има
воведено за прв пат контролен центар од кој на брз начин ќе може да
пристапите до сите опции.
Автор
Христијан Станоевиќ