
Откако неодамна ја видовме гола во видео-клипот за поддршка на уметничката Марина Абрамовиќ, сега уште еднашка ни ги покажа своите голи гради (во случај да сме заборавиле како изгледаат).

Контроверзната пејачка за списанието V направи провокативен едиторијал, според некои највулгарен досега.

Освен негативните критики, се коментира и дека 27-годишната Гага се обидела да ја копира Ријана, со оглед дека една од фотографиите потсетува на омотот на албумот Unapologetic.