Ги снимале репортери на тајна задача: Имами од 18 џамии прифатиле да венчаат 14-годишно девојче

Репортери на тајна задача, кои се претставиле како мајка и брат 14-годишното девојче, посетиле 56 џамии во Британија.
Повеќе од 10 муслимански свештеници од Велика Британија биле уапсени бидејќи се согласиле да венчаат 14-годишно девојче со 20-годишно момче.

Откако понудиле илегална церемонија, четири имами се нашле под истрага.

Имено, репортерите на тајна задача, кои се претставиле како мајка и брат на 14-годишното девојче, посетиле 56 џамии низ Британија и ги прашувале свештениците дали сакаат да го венчаат девојчето.

Имами од 18 џамии биле подготвени да го венчаат девојчето и покрај тоа им било кажано дека е "млада" и присилена да се мажи за момчето, спротивно од нејзините желби. Имено, според исламските закони, девојката може да се мажи кога ќе влезе во пубертет.

"Има 14 години и според шеријатот, Бојжата објава, смее легално да се мажи. Од една страна ги имаме англиските закони според кои не можеме да се венчаме со 2 лица, но според Божјата милост, можеме со дури четири", изјавил Мохамед Шахид Актар од една џамија во Бирмингем.

Мохам Шахид Актар моментално е суспендиран и под истрага. Сепак, тврди дека во бирмингемската џамија досега не склопил ниеден брак со малолетници. Уште еден свештеник под истрага, Шамс ул Худа Кан Мисбахи, изјавил дека младата не може да добие британски венчален документ, но според Исламот се ќе биде "во ред".

"Ќе ги запишеме нивните имиња и ќе ги забележиме во нашата евиденција", им кажал Шамс ул Худа Кан Мисбахи на "мајката и братот" на девојчето. "Британскиот закон не дозволува бракови со малолетници и тоа е единствено важно. Во оваа држава тоа е илегално и забрането и ниеден имам не смее да склопи таков брак", изјавил Ибрахим Могра од Муслиманското собрание во Британија.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О