Скарлет Јохансон повторно избрана за најсексапилна жена

Американската глумица Скарлет Јохансон повторно оваа година е избрана за најсексапилна жена во светот, според изборот на списанието „Esquire“.

Американската глумица Скарлет Јохансон повторно оваа година е избрана за најсексапилна жена во светот, според изборот на списанието „Esquire“.

Јохансон веќе ја доби оваа блескава титула во 2006 година и е единствената жена на која оваа публикација и ја додели два пати.

- Шест години подоцна, таа е повторен очигледен избор. Овој пат уште попривлечна, пишува весникот.

Јохансон, која почна како тинејџерка во филмот „Свет на духови“, оваа есен глуми во три филмови - Don Jon, Under the Skin и Her.

- Моментално напорно работам. Јас сум 28-годишна жена во филмската индустрија. Наскоро поголемиот број на улоги кои ќе ми се нудат ќе бидат улоги на мајка. Потоа како понудите да престануваат, изјави Јохансон за списанието, зборувајќи за нејзиниот напорен работен ритам.
Минатата година најпривлечна жена била американската актерка Мила Кунис, а пред тоа титулата ја добиле пејачките од Барбадос Ријана, британската актерка Кејт Бекинсејл и јужноафриканската актерка Шарлиз Терон.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О