Падна цената на новиот Ајфон 5C

Пред нешто повеќе од две недели кога првпат се појави на продажба чинеше 99 долари. Сега новиот колоритен iPhone 5c може да се купи по половина цена.

Во повеќе ланци продавници новиот производ на Епл се продава по цена од 50 долари.

Во петокот Волмарт, кој дотогаш го продаваше телефонот за 79 долари ја намали цената на 45 долари додека РадиоШек планира да го продава промотивно по цена од 50 долари се до 2-ри новември.

Промоциите пак на Бест бај траат до денеска и телефонот може да се земе по пониска цена ако се склучи двегодишен договор за вајрлес.

Моделот 5С кој чини 99 долари ако се набави реку ЕПЛ со двегодишен договор (или 549 долари без договор) е поевтианта верзија на 5Ѕ телефонот. Аналитичарите шпекулираат дека 5С нема да се продава добро како поскапата варијанта 5Ѕ која лини 199 долари со договор и има сензор за отисок, подобра камера и побрз процесор.

Моделите 5С побрзо се распродаваа на повеќе различни локации, а и самиот Епл соопшти дека продале за еден викенд 9 милиони телефони од двата модела iPhone 5S и 5C.

Ланците како Бест Бај и Волмарт ги намалуваат цените за да привлечат повеќе муштерии да го купат поевтиниот модел. Цел е да се понуди намелена на колоритниот пластичен модел.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О