Починал најпознатиот австралиски криминалец, за него е снимен и филм

Починал Марк „Режачот“ Рид, еден од најживописните ликови на австралиското подземје, кој после неколку години во затвор се прослави како писател на романи.
Марк „Режач“ Рид, најпознатиот и најживописниот лик на австралиското криминално подземје, починал денес на 58-годишна возраст од рак на црниот дроб.

Рид поминал вкупно 23 години во затвор за подолга низа на криминални потфати, вклучително киднапирања, напади и вооружени грабежи. Од затворот е пуштен во 1998 година, и оттогаш почнал многу успешна писателска и медиумска кариера, во текот на која напишал десетина криминалистички романи.


Меѓународна слава стекнал во 2000 година кога во филмот Чопер го отелотворил славниот австралиски актер Ерик Бана. Прекарот „Режач“ го добил бидејќи побарал од еден затвореник да му ги отсече ушите.

Подоцна рекол дека со тоа сакал да добие преместување во помалку чуван затвор, а друг пат дека морал тоа да го направи поради изгубен облог. Во текот на криминалната кариера бил познат и како изнудувач и злоставувач на други крадци на кои им го крадел пленот, а крадел и дрога од дилери.


Никогаш не бил осуден за убиство, иако тврдел дека убил 19 лица. Критичарите велат дека претерувал во описите на своите злостори за да добие на популарност и да ги продава своите книги. Тврдел и дека преживеал рани од студено и огнено оружје, обид во кој замалку ќе го прегазеле со автомобил, и тепање со чекан по главата.


Поранешниот затворски чувар Питер Норден рекол за австралиско радио дека Рид во поголема мера бил неуспешен крадец.

„Уапсен е за повеќето нешта кои ги направил“.

По пуштањето од затвор се претворил и во заговорник против возење во пијана состојба и насилство над жените.

„Знам дека повеќето од вас ме мразат, но ако возите пијани сте исто ѓубре како мене“ – рекол за една кампања против алкохолозмот.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О