За многумина таа е една од најубавите жени на светот, а
35-годишната блондинка и после разводот од својот сопруг изгледа
заводливо и секси.
Силви Ван Дер Варт, поранешната сопруга на фудбалерот Рафаел Ван
Дер Варт, својата светска слава ја доби благодарејќи му на својот
совршен изглед.Оваа убавица се' уште го привлекува вниманието каде и да се појави, па ништо поинаку не беше и кога папараците ја снимиле за време на одморот во Мајами, заедно со својот 7-годишен син Дамиан.
Со беспрекорната линија и добро изразените атрибути, Силви е и тоа како секси!
За потсетување, Рафаел и Силви беа во брак осум години, а се разведоа на почетокот од оваа година. Имено, Рафаел наводно ја удрил Силви на новогодишната забава, а кратко време после разводот беше потврдено дека тој е во љубовна врска со нејзината најдобра пријателка, Саби Буларуж.