Братот на сопругата на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој вчеравечер имал сообраќајна незгода со својот мотоцикл, се наоѓа во стабилна состојба и е надвор од животна опасност, неофицијално дознаваме.
Според досегашните информации, до несреќата дошло откако Сашо Тоневски, братот на Маја Иванова, изгубил контрола над мотоциклот што го управувал и удрил во метални столпчиња на булеварот „Мајка Тереза“ во близина на Основното училиште „Кочо Рацин“.
Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди и бил префрлен во Ургентниот центар.