Шпанецот во финалето го совлада Ѓоковиќ со 6:2, 3:6, 6:4, 6:1 и го освои вкупно 13. гренд-слем турнир во кариерата
Шпанецот
Рафаел Надал по вторпат во својата кариера победи на Отвореното тениско
првенство на САД, откако ноќеска во финалето го победи Новак Ѓоковиќ од
Србија со 3:1 во сетови (6:2, 3:6, 6:4, 6:1).
Ова за Надал е
вкупно 13. гренд-слем титула во кариерата. Шпанскиот тенисер го играше
третото финале во Њујорк, а претходно победи во 2010 година.
Ѓоковиќ остана само со еден триумф во 2011 година на терените на „Флешинг Медоуз“, а по петти пат беше финалист.
Ова
беше 22. победа за Рафа во 37. меч против Ѓоковиќ, повеќе од кои било
други двајца тениски соперници (Лендл и Мекинро имаа 36). Ја заработи со
својата карактеристична игра – борба до последен здив, или додека не се
натера противнкот да згреши.
