Се предаде македонскиот крал на местенките Христијан Илиевски!

Италијанската телевизија "Медиасет" јавува дека вчера на аеродромот "Орио ал Серио" во Бергамо слетал и веднаш им се предал на полицајците, македонскиот "крал на местенките" Христијан Илиевски.

По три години бегство, Илиевски, кој е директно обвинет за местење на серија на натпревари во Италија изненадувачки самиот им се предал на карабињерите, кои веднаш го транспортирале во затворот во Кремона.



Како што го нарекува телевизијата, „циганскиот бос“ од Македонија рекол дека е спремен да соработува со полицијата и од поодамна потврдува дека заедно со 30 професионални фудбалери во Италија, местеле официјални натпревари во неколку лиги на „чизмата“.


Во полицискиот извештај се наведува дека Илиевски водел цела банда која ги контактирала фудбалерите пред нивните натпревари. Деновиве се очекува став на јавниот обвинител и нови детали околу долго годишниот случај со наместени натпревари на апенините.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О