Овие фотографии Instagram ги забрани: Дали има нешто погрешно на нив?

Од 2010-тата година, од кога постои друштвената мрежа Instagram, секој ден има сè поголем број на корисници. Секој ден 300 милиони корисници поставуваат над 70 милиони фотографии и видео записи.

Но, некои од тие фотографии се отстрануваат од оваа друштвена мрежа бидејќи се оценети како "несоодветни". На отстранувањето на фотографиите најпрво реагираа феминистичките здруженија, кои сметаат дека тоа е навреда за жените и дека со тоа ги загрозуваат нивните права. Еве и за кои фотографии се работи и погледнете што е спорно кај истите...
1. Фотографија со менструална крв


Минатата недела фотографот Рупи Каур постави фотографија со менструална крв, но таа фотографија беше отстранета од страна на Instagram. Овие фотографии настанале за потребите на финалниот проект со визуелна реторија на тема "Менструален циклус". На серија од фотографии била прикажана борбата со менструалната крв, шишиња со топла вода за грчевите и многу други нешта кои жените ги трпат во текот на овие денови. Кога биле отстранети, младата авторка јавно се побунила и оваа друштвена мрежа ја именувала како "патријархална" а нивниот потег го нарекла "цензура".

2. Фотографија на која се гледаат срамни влакна


Во месец јануари, австралиска агенција тврдеше дека нивната фотографија била отстранета бидејќи на неа има само две жени. На фотографијата всушност има две девојки кои позираат во бикини, а она што за Instagram било проблематично се срамните влакна кои се гледаат под бикинито. Од оваа компанија тврдат дека тоа е дискриминација, бидејќи на Instagram денес може да се наиде на мноштво фотографии од мажи чии срамни влакна се гледаат низ кусите шорцеви, но сепак тие не се ниту отстранети, ниту забранети. Тие тврдат дека ако наместо жени, кога на овие фотографии би биле мажи, тогаш тие и никогаш не би биле предмет на критики или полемики.

3. Селфи од полничка девојка


Кога била млада, оваа девојка често била на мета на оние кои ја малтретирале поради вишокот на килограми. Како и многу блогери, и таа често ги користи друштвените мрежи за да ги поттикне луѓето за поинаку да размислуваат за телото и проблемите со вишокот на килограми. Сем поставува и мотивациони пораки под хаштагот #BodyLove, но и свои фотографии во бикини. Една таква била токму проблем за Instagram, па била и отстранета. Оваа 19-годишна студентка била во шок бидејќи нејзиниот селфи бил проблематичен, бидејќи вели дека фотографии од жени во градници гледаме речиси секојдневно.

4. Топлес фотографијата на Скаут Вилис

Ќерката на Брус Вилис и Деми Мур се прошета топлес низ улиците на Њујорк, а оваа фотографија била отстранета од Instagram поради голотијата која е "во потполност неприфатлива", како што објаснува директорот на оваа мрежа. Токму затоа Скаут ја постави фотографијата на мрежата Twitter покрај која го напишала и коментарот – "она што вам Instagram не ви дава да го видите". Оваа фотографија настанала откако младата актерка му се придружила на движењето #FreeTheNipple кое се залага за правото на жените да можат топлес да шетаат по улиците. Скаут на отстранувањето на нејзината фотографија реагирала со прашањето – "Зарем не би требало законите кои ги штитат мажите, да ги штитат и жените?".

5. Фотографија од доење


Фотографиите од мајки кои дојат се веќе извесно време голема полемика – дали таквиот чин треба или не треба да ѝ се претставува на јавноста, како и тоа дали е во ред да се објавува такво нешто на друштвените мрежи. Instagram очигледно мисли дека не треба, па фотографијата на Хедер Бејс, на која таа ја дои својата ќерка беше отстранета. Хедер е професионален фотограф кој на својот Instagram профил го документира секој дел од својот семеен живот. После полемиките кои биле предизвикани со отстранувањето на новите фотографии, голем број светски ѕвезди почнаа да објавуваат фотографии на кои ги дојат своите деца, како поддршка за правото на жената да дои дете. Instagram после тоа ги дозволи ваквитe фотографии, под услов на нив да нема голотии.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О