Иако на централно ниво ВМРО-ДПМНЕ
владее заедно со ДУИ, на локално ниво коалиционен партнер на партијата
на премиерот Груевски му е опозициската ДПА на Мендух Тачи.
По коалицијата во Советот на општина
Струга, оваа коалиција проработела и во општина Долнени. Според извори
од ДУИ, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА дигнале два прста за црква во
општина Долнени.
Од ДУИ велат дека овој маневар на Тачи е
уште еден потег за приближување до Груевски, откако претходно на
локалните во вториот круг ДПА му дала 600 гласа од село Црнилиште на
контото на вмровскиот кандидат кој го победи кандидатот на ДУИ и стана
градоначалник на Долнени.