Кучињата имаат чувства исто како и луѓето!

Американскиот професор Грегори Бернс од Атланта ги тестирал резултатите од скенирањето на мозокот на своето куче и открил дека кучињата користат ист дел од мозокот за чувства како и луѓето.

Неговата првобитна цел му била да утврди како  им работи мозокот на кучињата и што тие мислат за луѓето.

„Дел од мозокот кој се нарекува “каудат језгро“, е задолжен за емоциите кои ги чувствуваме кога очекуваме работи кои ги сакаме, како храна, љубов, пари... Кај кучињата истиот тој дел од мозокот е задолжен за препознавање на мирисот на сопственикот кој на кратко избегал од неговиот видео круг“, вели Бернс.

Тој наведува дека ова не значи дека кучињата нас не сакаат безусловно но, дека не поврзуваат со работите кои им се значајни.

„Резултатите покажаа дека присуството на луѓе кај кучињата пробудува одредени позитивни емоции. Токму таа способност да доживее позитивна енергија , како што е љубов и поврзаност, значи дека кучињата имаат чувства на ниво на дете“, заклучува Бернс.

ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О