Ланецот ресторани „Бургер Кинг“ на американскиот пазар одлучи да
направи ПР „финта“, менувајќи го името во Fries King. Тие го ставие
логото во цртеж со компирчиња и под тоа напишале „некогашен Бургер
Кинг“. Компанијата ги „блокирала“ социјалните мрежи со фотографии на
своите ресторани на кои било истакнато новото име и лого, а веста за
промената брзо ја прошириле и самите потрошувачи.
Ден потоа е откриено дека се работи за рекламен трик со кој Бургер Кинг промовираат нов здрав помфрит.