Ги мразев Брајант, Џејмс и Дјурант...

31-годишниот поранешен репрезентативец на Германија, Крис Каман ова лето го засили тимот на Лос Анџелес Лејкерс.
Во пресрет на неговото деби во дресот на Езерџиите, Крис Каман објасни каков поглед имал на Коби Брајант, најдобриот кошаркар на Лејкерси со кого сега ќе ја дели соблекувалната во клубот од Лос Анџелес.

,,Секогаш го мразев. А што друго? Кога играте против него, против Џејмс или Дјурант, морате да ги мразите таквите луѓе. Ги мразев затоа што се премногу добри, затоа што ви нанесуваат огромна штета ако ви се противници'', изјави Каман и додаде:

,,Сега нормално е дека е сосема друга приказна кога дојдов во тимот на Коби Брајант. Тој е добар дечко и сега го сакам затоа што сме на иста страна'', заврши Каман.

А кој искрено би сакал да ги има овие противници...


ТОП10 ОК ?

1 2 3 4 5 6 7 8 9 20ОТ О